ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Продолжуваат натпреварите во Купот, Вардар со лесна задача

Денеска на домашна сцена ќе се одиграат четири натпревари од првото коло од Купот на Македонија. Бранителот на Куп трофејот, екипата на Вардар за противник го има прволигашот Мултиесенс и во овој дуел избраниците на Владо Недановски се очекува да остварат сигурна победа.

На останатите три дуели се среќаваат екипите на Аеродром со Пролет, потоа Вардар Неготино со Партизан од Гевгелија и Тиквеш со Кичево. Суперлигашите се големи фаворити против прволигашите, па така не би требало да има никакви изненадувања.

Настап на европските терени ќе има интернационалецот од Македонија, Дарио Петровски, кој со Фасано ќе го одиграат првиот дуел против Лионс во рамки од третото коло во Европскиот Куп.

Голманот од Македонија, Градимир Чаневски заедно со Макаби Ришон во натпревар од шампионатот на Израел ќе се соочат со екипата на Холон и ќе се обидат да ги освојат бодовите, со кои би ги задржале шансите за првата позиција на табелата.

Денес се игра и во шампионатите на Франција, Германија, БиХ, Романија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

10:00 ЗАЛАУ – СЛАТИНА (РОМАНИЈА)

12:30 ВАРДАР – МУЛТИ ЕСЕНС (КУП НА МАКЕДОНИЈА)

14:00 МАКАБИ РИШОН – ХОЛОН (ИЗРАЕЛ)

17:30 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – КИКИНДА (СРБИЈА)

18:00 КОПЕР – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)

18:15 ЧСМ БУКУРЕШТ – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)

18:30 АЕРОДРОМ – ПРОЛЕТ (КУП НА МАКЕДОНИЈА)

18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН (КУП НА МАКЕДОНИЈА)

19:00 ЛИОНС – ФАСАНО (ЕВРОПСКИ КУП)

19:00 АЛПЛА ХАРД – ТИРОЛ (АВСТРИЈА)

19:00 КРКА – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)

19:00 КРИВАЈА – КОЊУХ (БИХ)

19:30 ТИКВЕШ – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – ИВРИ (ФРАНЦИЈА

20:00 КРЕТЕЈ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)

20:30 СЕЛЕСТАТ – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ЖЕЛЕЗНИЧАР – ПАНЧЕВО (СРБИЈА)