Првиот ривал на Македонија на СП, селекцијата на Норвешка, ќе има три проверки пред стартот на Мундијалот во Полска и Шведска.
Норвешката федерација организира силен турнир од 5 до 8 јануари во градот Трондхајм, каде што покрај домаќинот ќе играат уште три селекции.
Станува збор за селкциите на Бразил, Португалија и САД, која влезе последна на турнирот по откажувањето на Египет.
Македонија и Норвешка ќе играат на првиот натпреварувачки ден во Краков, на 13 јануари, додека потоа следуваат пресметки против Холандија и Аргентина.