Со планираниот и остварен триумф на гости Еурофарм Пелистер 2 сега има ист број бодови со Тиквеш на третото место на табелата во Б групата. Битолскиот тим е поблиску до потврда на третото место кое носи и еден бод плус во разигрувањето за титулата.
Радовиш за момент „покажа заби“ на дуелот со Еурофарм Пелистер 2, но битолчани потоа „уфрлија во повисок степен“ и за седум минути го решија победникот на средбата во која гостите победија со 35-24 (18-12). Петар Атанасиевиќ во првото и Павле Петровиќ во вторито дел одиграа „симултанки“ постигнувајќи дузина голови за својот тим и беа нерешлива енигма за домапната одбрана. Атанасиевиќ даде седум гола во првиот дел, а Петровиќ шет од вкупно девет во вториот дел за битолаксиот тим.
Останува уште едно коло до крај на групната фаза каде Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Јуниор Кисела Вода. Со триумф во Битола, „зелените“ ќе бидат на третата позиција дури и ако Тиквеш има ист број бодови бидејќи во меѓусебните дуели Еурофарм Пелистер 2 има подобра гол разлика.
Радовиш во последното коло гостува кај Скопје и директно ќе решаваат кој влезе како втор, а кој трет во плејаутот и ќе пренесе еден бод повеќе.
Петар Атанасиевиќ со седум гол во првиот дел ги предводеше битолчани до три бода иако домашните ракометари во 17 и 19 минута се приближија на „еден гол негатива“ (6-7 и 7-8). Тоа делуваше како мало отрезнување за тимот на Александар Јовиќ. Тогаш тие тргнаа сериозно во секој напад и со одлична одбрана.
На секоја грешка и нереализиран напад на Радовиш во напад, преку контра или брз пренос Еурофарм Пелистер 2 брзо зголеми на 10-18, а потоа и на 15-9 во 26 минута. Период кој го реши победникот. Шесте гола предност останаа и на полувреме кога гостите водеа со 18-12. Во овој период Дејан Кукуловски даде четири гола, а Павле Петровиќ еден помалку.
Почетокот на второто полувреме донесе притисок на Радовиш и домаќините за осум минути дојдоа на 18-22 со надеж дека можат да се вратат во игра. Но, играчите на Еурофарм Пелистер 2 повторно го забрзаа ритамот и со серија од 3-1 во 44 минута зголемија на 25-19. Тоа беше повод домашниот тренер Љупчо Мијалов да побара тајмаут. Во последната четвртина од натпреварот битолчани влегоа со предност од шест гола и со ритам на игра што нив им одговараше.
Павле Петровиќ во 47 минута по вторпат му носи водство на својот тим од „плус седум“ за предност 28-21 за Еурофарм Пелистер, што дотогаш беше највисоката предност на средбата.Петровиќ и во следниот напад погоди за 29-21, а Ненад Белистојановски за највисоките 30-21. Тоа беше веќе крај на сите надежи на Радовиш, а „десетката“ ја раситни Петровиќ со контра во 49 минута кога Еурофарм Пелистер 2 веќе водеше со 31-21.
Рутина беше да се одиграат последните десет минути од мечот зашто победникот беше решен.