Репрезентативката на Холандија, Еставана Полман, која на Европското првенство кое се играше во Македонија, Словенија и Црна Гора, беше една од главните играчи во тимот на ,,лалињата” својата кариера ќе ја продолжи во амбициозниот проект на Рапид Букурешт.
Пред извесен период Рапид Букурешт ја ангажираше и репрезентативката на Србија, Анѓела Јањушевиќ, па така романскиот тим во продолжението од сезоната ќе има плус два нови квалитетни играчи.
За потсетување, екс ракометарката на Вардар, Александра Лакрабер си замина од Рапид Букурешт поради несогласувања со актуелниот тренер Карлос Вивер и клубот беше драстично ослабен, но со доаѓањето на Јањушевиќ и Полман, која може да одигра и како среден бек, тимот на Вивер ќе биде уште посилен и поконкурентен во романскиот шампионат, како и во Лигата на шампионите.
Полман во својата кариера настапуваше за екипите на Амстердам и Есбјерг, а во редовите на Рапид Букурешт се пресели од тимот на Никобинг. Кариерата на Полман во претходната сезона беше проследена со падови, бидејќи имаше несогласувања со раководството на Есбјерг, холанѓанката беше и суспендирана од данскиот клуб и двете страни мораа да го раскинат договорот.
Искусната ракометарка на Светското првенство во 2019 година, на кое Холандија го освои првото место, беше прогласена за МВП на Мундијалот. Со екипата на Рапид Букурешт ќе игра во Лигата на шампионите и нејзиниот деби настап се очекува да биде овој викенд кога тимот од Романија ќе му гостува на Ѓер.