На претпоследниот ден од Европското првенство што се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора, ќе се одржи ждрепката на двојките за бараж средбите за пласман на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска во 2023 година.
Македонија поради настапот на ЕП 2022 ќе игра само еден бараж и ќе биде во првиот шешир, а веќе се познати сите можни десет ривали. Чешка имаше од претходно обезбедно директно место во вториот бараж, а по првите бараж се познати уште девет селекции.
Лесни победи во двомечите остварија Португалија, Исланд, Австрија, Словачка, Украина, Италија и Турција, додека неизвесно беше на дуелите меѓу Косово и Фарски Острови, како и Грција и Босна Херцеговина, а таму решаваше само еден гол околу патникот во вториот бараж за СП.
Многу лесно може да се случи да добиеме полесен ривал и по 16 години Македонија повторно да биде дел од СП, но може да налетаме и на мина од типот на Австрија, Чешка, Украина и Словачка, кои биле дел од многу големи натпреварувања досега.
Квалификации за СП 2023, бараж 2, шешири:
шешир 1: 10 репрезентации од ЕП 2022 (без медалисти и Данска, Норвешка, Шведска)
шешир 2: Чешка, Австрија, Словачка, Украина, Португалија, Косово, Исланд, Италија, Грција, Турција
Квалификации за СП, бараж 1, резултати:
Исланд – Израел 34-26, 33-24
Австрија – Финска 37-22, 35-28
Азербејџан – Португалија 19-32, 12-36
Фарски Острови – Косово 24-27, 29-28
Словачка – Летонија 46-21, 43-17
Грција – Босна и Херцеговина 23-21, 21-22
Украина – Луксембург 36-13, 30-11
Бугарија – Италија 19-26, 29-33
Велика Британија – Турција 14-39, 16-44