Македонија загуби на стартот со 24-14 од селекцијата на Франција, иако на моменти успеваше да му парира на олимпискиот шампион.
Селекторот Љубомир Савевски вели дека и покрај поразот е задоволен што во еден дел од мечот неговите избранички беа во егал со Франција.
„Ова беше тежок натпревар за нас. Имавме многу проблеми во нападот каде дури 27 пати промашивме, а имавме и многу грешки. Сепак на крајот не сум разочаран, бидејќи еден дел од мечот го одигравме во егал со Франција. Тие играа одлична одбрана. Мислам дека ова е најдобриот тим на Франција во историјата“, изјави Савевски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде мечот со Холандија во понеделник од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.