Тимот на Кил денес преку клупската страна официјално ја објави соработката со младиот ракометар Јаник Фрац.
23-годишниот ракометар, кој настапува на позиција десно крило, во редовите на Кил пристигна од Бергишер.
Фрац од 2018 година настапуваше за екипата на Бергишер и со зебрите“ потпиша договор до крајот на сезоната 2022/23, со можност за продолжување на истиот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
На десната крилна позиција во Кил настапуваат Никлас Екберг и Свен Ериг, но по повредата на Свен Ериг, раководството на бундеслигашот мораше да бара нов ракометар за понатамошниот тек од сезоната.
Дебито на Фрац во дресот на Кил се очекува да биде на 20 октомври во натпревар од Бундес лигата.