Позитивни вибрации, насмевки, искусните поддршка за младите (ФОТО)

Избраниците на Кире Лазаров вечерва ќе го одиграат првиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2024.

Прв ривал на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Луксембург.

Ракометарите на Македонија во текот на денешниот ден го одработија и последниот тренинг.

На тренингот присуствуваше и левото крило Дејан Манасков, кој им даде поддршка на своите репрезентативни колеги.

За потсетување Дејан Манасков нема да настапи на вечерашниот дуел поради повреда.

Во македонската репрезентација владее позитивна атмосфера, па така се очекува ракометарите на Лазаров да немаат проблеми против селекцијата на Луксембург, која влезе во квалификациите како замена бидејќи беа исклучени Белорусија и Русија.

 

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кизиќ доби предност пред Томовски, шанса добива и Џонов