Македонскиот шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров, денеска во далечниот Исланд ќе има европски предизвик и ќе се соочи со тимот на КА Тор.
Двомечот со овој тим од второто коло во Европскиот Куп ќе се игра на Исланд, а првиот натпревар за девојките на Симе Симовски е вечерва од 21:30 часот.
Покрај овој дуел, за македонската јавност ќе бидат интересни и натпреварите од Суперлигата. Прилеп гостува кај Бутел Скопје, во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува Радовиш, додека ќе има градски двобој меѓу Скопје и Пролет.
Во Женската лига ќе биде одигран еден натпревар. Битолски Пелистер ќе гостува во Кисела Вода кај тимот на Спартак.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
20:00 ГРАНОЉЕРС – СИНФИН (ШПАНИЈА)
21:30 КУЕНКА – ЧИСНЕ (ШПАНИЈА)
18:30 ТИРОЛ – КРЕМС (АВСТРИЈА)
19:30 ФЕРЛАХ – БАРНБАХ (АВСТРИЈА)
18:00 ЕСБЈЕРГ – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)
19:00 СОНДЕРЈИСКЕ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)
19:00 БОРАЦ – ЛАЦИЈА (ЕВРОПСКИ КУП)
21:30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КА ТОР (ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 ЛИМОЖ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – НИМ (ФРАНЦИЈА)
20:30 СЕЛЕСТА – СЕСОН РЕН (ФРАНЦИЈА)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
18:30 СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 НЕРБО – САНДНЕС (НОРВЕШКА)
17:45 КАЛИШ – ТАРНОВ (ПОЛСКА)
18:30 ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)
18:30 БАЛТИСКА ЗАРЈА – ЦСКА МОСКВА (РУСИЈА)
18:00 ТРИМО ТРЕБЊЕ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)