Иако беше најавен како звучно засилување за хрватскиот првак Загреб, десниот бек Милан Милиќ по два месеци заминува од редовите на „плинарите“.
Тој не можеше да се избори за своето место во тимот, покрај Чаба Лејметер и Лука Ловре Кларица, па во потрага по минутажа, српскиот репрезентативец потпиша договор на две сезони со српскиот шампион Војводина.
Ова е уште една трансфер утка на Загреб, кој претходно немаше среќа ниту со левиот бек Вуко Борозан. Црногорецот беше ослободен од обврските по еден месец од стартот на подготовките.
24-годишниот Милиќ во 2020 од Металопластика замина во францускиот Нант, но таму беше во сенка на Кире Лазаров, а сега се враќа во татковината и ќе ги брани боите на Војводина.