На последниот суперлигашки натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Скопје, кој го добија битолчани со 28-19, деби голови за сениорската екипа постигнаа и двајца кадети.
Станува збор за левото крило Марко Димовски (2006) и кружниот напаѓач Самоил Ристевски (2006).
Двајцата важат за голема надеж на битолскиот ракомет и до минатата сезона работеа под палката на Фарук Мемиќ во кадетската екипа.
Од почетокот на сезоната се во ростерот на тренерот Александар Јовиќ, а вчера ги постигнаа своите деби погодоци во сениорска конкуренција.
View this post on Instagram