Ракометарите на Прилеп ја остварија првата победа во новата сезона во суперлигашкото друштво, откако славеа над Вардар Неготино на домашен терен со четири гола разлика, 22-18. Гостите успешно парираа во првото полувреме, но на стартот на вториот дел Прилеп направи висока предност од осум гола, која за момент беше загрозена од неготинци, но
Ташев и Орешков му донесоа на Вардар Неготино почетно водство со 2-0, но следуваше пресврт на домашните со три гола во серија, пред Пеовски да израмни на 3-3 по десетина минути игра.
Во следниот период голманите Ангелов и Христоски бранеа солидно, но имаше и грешки на двете страни, па до крајот на првото полувреме беа постигнати само уште шест погодоци за 20 минути, 7-5.
Клучниот период на мечот се случи на стартот на второто полувреме. По 13-10, прилепчани казнија неколку грешки за 18-10, ико останаа без еден од важните ракометари, левиот бек Гавашелишвили, кој доби црвен картон по трето исклучување.
По 20-12, на гостинскиот гол се врати Ангелов, тоа внесе дополнителна сигурност кај неготинци, кои не се откажуваа од камбек во мечот. Пеовски, Михајловиќ и Емини погодија за 20-17 и внесоа немир кај домашните.
Чантурија мораше да бара тајм-аут, па Бикоски реализираше за 21-17. Гостите добија уште една шанса, но Христоски одбрани. До крајот прилепчани не дозволија изненадување и успешно ја задржаа предноста.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Давор Шокоски со шест и Христи Бикоски со пет погодоци, додека кај Вардар Неготино по три гола дадоа Емини, Орешков, Михајловиќ, Петров и Пеовски.