На стартот на ЕХФ неделата, селекторот на Франција, Оливие Крумболц, објави дека репрезентацијата ќе има нов капитен.
Станува збор за средниот бек на унгарскиот Ѓер, Естел Нзе Минко, која доаѓа на местото на Корел Ласурс.
Таа ќе дебитира како нов предводник на пријателскиот двомеч со Германија во рамките на подготовките за ЕП.
На ЕП во Македонија, Франција е во групата со нашата репрезентација, Холандија и Романија, а првиот официјален меч за Нзе Минко како капитен ќе биде токму против Македонија на 5 ноември.