МВП на 3. Коло од Супер машката лига – Мартин Димов (Пролет)

Десното крило на Пролет, Мартин Димов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 3 коло од Супер машката лига.

Димов освои околу 40% од гласовите, а второпласираниот Јакша Вјештица собра околу 37% од гласовите.

Ракометарот на Пролет ја продолжува одличната форма што ја имаше минатата сезона и на стартот на новата.

Во трка за МВП беа уште и Петар Атанасијевиќ, Никола Стефановиќ, Стефан Кимевски, Мартин Манасков и Дејан Гошевски.