Замина на 47 години, но остави длабока трага во македонскиот ракомет. Веста за прерано починатиот македонски тренер Андон Бошковски утрово ја потресе македонската ракометна јавност.
Во негова чест двата клуба каде Андон Бошковски остави свој белег, РК Вардар 1961 и РК Алкалоид пред меѓусебниот дуел му оддадоа почит и испратија последен поздрав со црни маици и натпис “Почивај во мир Доне”.
Во својата кариера Андон Бошковски беше тренер на Металург, Вардар, Еурофарм Работник, Младост, Радовиш, Голден Арт Кл7 и романскиот клуб Роман. Беше селектор на селекцијата на Грузија и дел од најголемиот успех на македонската репрезентација.
Натпреварот меѓу РК Вардар и РК Алкалоид кој е дел 4. коло од македонската Суперлига започна со минута молчење во чест на македонскиот тренер.