Иако беше најавено дека Александар Стојановиќ оваа сезона ќе ја одигра во српскиот второлигаш Врање, сепак во последен момент имаше промена на планот.
Поранешниот бомбардер на Вардар и Металург се реши да замине во Израел и потпиша договор со тимот на Бнеи Херцлија.
Десниот бек потекнува од Јагодина, беше дел од Врбас и Црвена Ѕвезда пред да дојде во Вардар, а потоа заигра и во Автокоманда.
Настапуваше за словенечките Цимос Копер и Целје, а најдолго време се задржа во Кадетен Шафхаузен, седум сезони.
Пред да се врати во татковината играше за турската Анталија и унгарскиот Балмазујварош, а потоа беше дел од Железничар и Партизан.