Репрезентативецот на Црна Гора, левото крило Филип Вујовиќ, по шест сезони минати во Шпанија реши да се врати на Балканот. Црногорецот, кој со својата репрезентација на ЕП во Унгарија и Словачка беа едно од изненадувањата на континенталниот собир, е најновото засилување во поранешниот шампион на БиХ, Извиѓач Љубишки.
Босанскиот клуб преку својата клупска страна ја потврди соработката со Вујовиќ. Црногорецот својата кариера ја започна во Сутјеска Никшиќ и како кадетски репрезентативец на Црна Гора во текот на 2014 година направи трансфер во Раднички Крагујевац, клуб со кој забележа настапи и во Европа.
Откако одигра две сезони за српскиот суперлигаш замина за Шпанија, односно потпиша за Фригорификос Моразо. Во вториот интернационален клуб настапуваше до 2020 година. Во последните две сезони го носеше дресот на Херол Нава.
Раководството на Извиѓач кој посакува враќање на шампионската титула во свои раце и одбрана на Куп трофејот на домашна сцена, до Вујовиќ испрати најдобра понуда, па така црногорскиот репрезентативец реши да го засили тимот и да биде вистинско засилување пред реванш дуелот против Линц во рамки од првата фаза во Европскиот Куп.
Ракометарите на Извиѓач во дуелот со тимот од Австрија на првиот натпревар беа поразени со два гола разлика, 34:32. Реванш дуелот кој ќе се одигра на 17 септември во Љубишки ќе биде вистинска шанси и прилика за босанскиот клуб да се пласира во втората фаза.