Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
група А
СТРУГА – ВАРДАР НЕГОТИНО 36-24
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 30-21
КУМАНОВО – АЛКАЛОИД 26-40
ОХРИД – ПРИЛЕП 33-26
група Б
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГОЛДЕН АРТ 32-25
ТИКВЕШ – РАДОВИШ 32-25
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28-22
СКОПЈЕ – ЈУНИОР КВ 28-26
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Дејан Рикановиќ (Струга) – Босанскиот чувар на мрежата имаше 17 интервенции и беше меѓу најзаслужните за убедливата победа на новиот суперлигаш Вардар Неготино.
ЛЕВО КРИЛО: Јан Чувара (Вардар) – Полскиот репрезентативец доби голема минутажа на дуелот со Бутел Скопје и заедно со Талески и Ќосевски беа најефикасните во „црвено-црниот“ тим.
ЛЕВ БЕК: Александар Василевски (Пролет) – Левиот бек постигна четири погодоци во убедливата победа над Еурофарм Пелистер 2, а одлично си ја заврши и работата во одбрана.
СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Организаторот на играта кој минатата сезона беше најдобар суперлигашки стрелец, продолжува со одличните игри. На Радовиш му даде осум гола.
ДЕСЕН БЕК: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер) – Со девет погодоци беше најдобар стрелец во втората победа на вицепрвакот во новата сезона во суперлигашкото друштво.
ДЕСНО КРИЛО: Александар Стојков (Алкалоид) – Новиот суперлигаш немаше проблеми на гостувањето кај составот на Куманово, а десното крило беше најдобар стрелец и ги казнуваше од контранапад сите грешки на домашните.
ПИВОТ: Владимир Бојаниќ (Охрид) – Српскиот интернационалец покажува дека е одлично засилување за амбициозниот Охрид. Иако заработи три исклучувања, беше меѓу најзаслужните за победата над Прилеп.