Лесни бодови за Вардар против Бутел

Вардар брзо го заборави поразт во Супер купот, и со доминантна игра ја забележа втората победа во првенството. „Црвено-црните“ играа само со една постава против Бутел, со играчи кои вообичаено помалку добиваат шанса, но и покрај тоа немаше проблем да ги освои трите бода и да победи со 30-21 (16-12). Фаворитската улога „црвено-црните“ ја оправдаа и со втор триумф по ред во Супер лигата им се приклучија на Струга и на Алкалоид на првите три места на табелата во А групата.

Поради повреда во игра не влезе Куни Моралес иако беше во составот на Вардар, а го немаше ниту Борко Ристовски, па втор голман беше Васил Гогов. Кај гостите во составот ги немаше повредените Јовица Младеновски и Филип Николов.

Вардар тргна со гол од контра на Јан Чувара кој пресече една топка на гостинскиот напад. Шест минути Вардар имаше водство, а по една загубена топка, во контра Златко Мојсоски првпат му донесе водство на Бутел од 3-2. Тогаш Вардар како да се разбуди па со серија од 4-0 брзо го презеде водството, 6-3 во 11 минута.

Постот на Бутел траеше до 12 минута која Златко Мојсовски реализирашпе од крило за намалување на водството на „црвено-црните“ на 7-4. На еден постигнат гол на Бутел, „вардарци“ возвратија со два нови и со зголемување на водството на 9-4 во 14 минута, а потоа и 10-5.

Не помогна многу тај аутот што го побара тренерот на Бутел, Кристијан Грчевски во 19 минута, Бидејќи Вардар во серија постигна два гола за водство 13-7. Ама брзо возврати Бутел со серрија од 2-0 за намалување на 13-9. Брзо се менуваа работите, па сега Вардар имаше свои минути и серија од 3-0 со која за првпат го подигна водството на „плус 7“, 16-9 во 27 минута. Наместо д аго задржи, па зголеми резултатот Вардар дозволи да прими три гола по ред, а Бутел така намали на 16-12 на полувреме.

На почетокот на второто полувреме за неколку минути Вардар повторноја имаше највиоската предност од „плус 7“, 21-14. Единствената измена во тимот беше влегувањето на голманот Васил Гогов на местото на Мартин Томовски. Поискусните играчи како Стоилов, Георгиевски, Ѓукиќ, Манасков беа на клупата, но повеќе како подршка на соиграчите со совети. Немаше потреба од нивно влегување на теренот.

Филип Талески со петтиот гол на средбата од контра првпат му донесе водство на Вардар од „плус 8“, 22-14 во 40 минута од натпреварот. Домашните беа и пред мечот фаворити, а сега веќе и беше јасно дека бодовите остануваат во „Јане Сандански“.
Стигнаа вардарци блиску и до „десетката“, но не можеа да ја видат на семафорот, бидејќи двапати имаа „плус 9“, но потоа попуштија. Бутел тоа знаеше да го искористи, па намали на седум негатива.

Најефикасни во тимот на Вардар беа Јан Чувара, Филип Талески и Ален Ќосевски, кои постигнаа по 5 гола. Кај Бутел исто така пет гола даде Андреј Петрушевски.

Во следното коло, Вардар гостува во Прилеп, а Бутел е домаќин на Струга.