Лига на шампиони ќе гледаме само на ТВ: Македонија без клуб во елитата по 22 години!

Машкиот клупски ракомет од Македонија ќе биде без претставник во најелитното европско натпреварување, Лига на шампиони, за првпат по 22 години!

За првпат по сезоната 2000/01, кога Македонија поради инцидентот на финалето меѓу Кометал ЃП и Хипо беше суспендирана од ЕХФ, нема да има машки клуб што ќе игра во елитата. И тогаш, а и сега, ЕХФ административно го исклучи нашиот шампион, па Лигата на шампионите ќе може да ја гледаме само на ТВ и тоа со коментар на друг јазик.

Ако се знае дека рејтингот на машкиот клупски ракомет вртоглаво паѓа, и дека за сезоната 2023/24 нема да се бројат веќе сезоните во кои Вардар стана европски првак, станува јасно дека тешко ќе може да се надеваме на директно место во ЛШ.

Полска, Португалија, Романија…кои се под Македонија на рејтинг листата, имаат се повеќе успеси, јасно е дека ние ќе назадуваме уште повеќе, а од позадина демнат Хрватска, Словенија и Шведска, па од сезоната 2024/25 ќе се „молиме“ за вајлд-карта.

Во првото коло ќе се играат многу интересни натпревари, а два дерби ќе има во Унгарија каде што Веспрем го чека ПСЖ, а ПИК Сегед го пречекува европскиот првак Барса.

Лига на шампиони, 2022/23, 1 коло:

група А
Загреб – ГОГ Гудме
Веспрем – ПСЖ
Висла Плоцк – Порто
Динамо Букурешт – Магдебург

група Б
Кил – Елверум
ПИК Сегед – Барса
Алборг – Целје
Келце – Нант