Еурофарм Пелистер славеше во драматичен натпревар против Вардар со 23-22 и на тој начин го освоија трофејот во Суперкупот.
Тренерот Ларс Валтер вели дека ако се погледне првата седморка на Вардар, тоа е навистина силен тим.
„Зборувавме многу за тоа минатата недела. Ако се погледне првата седморка на Вардар, тоа е навистина силен тим со играчи што освојувале многу титули. Дел од нашите играчи немаат освојувано титули никогаш. Кога имаш такво искуство, лесно е да играш вакви натпревари. Имаше многу прекини поради влажниот под, можеби не трчавме многу како што сакавме. Мислам дека тие ја загубија главата во еден момент, во ваков меч со малку голови, секој погодок е важен. Имавме многу натпревари на кои бевме во негатива, но на крајот ги добивавме со пресврт и тоа ја прави победата уште послатка како против Татран или Нексе. Тоа е многу важно што ќе ни користи за во иднина. Благодарам и на навивачите кои направија вака убава атмосфера, што за нас странците не е често видена. Фантастично нешто што ќе го паметите до крајот на животот“, вели Валтер.
Битолчани во продолжение од сезоната ги чекаат домашните обврски, како и дуелите од регионалната СЕХА лига и од Лигата на Европа.