Еурофарм Пелистер славеше против Вардар со 23-22 во драматичен натпревар во Охрид и го освои трофејот во Суперкупот на Македонија.
Еден од јунаците на битолчани беше голманот Марко Кизиќ, кој влезе во второто полувреме и го фати последниот шут на Филип Талески.
„Имаме добар тим оваа сезона, квалитетен тим. Беше тежок натпревари, имаше многу пресврти. Во клучните моменти имавме ладна глава иако губевме во последните десетина минути. Сите заедно верувавме дека ќе се вратиме, точно знаевме што треба да правиме на терен. Имавме ладна глава во најважните моменти и тоа беше клучното за победа“, вели Кизиќ.
Пелистерци и вардарци сега ги очекува продолжението од првенството и потоа стартот на регионалната СЕХА лига.