Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе игра два пати на гостински терен кај исландскиот КА Пор во рамките на Европскиот Куп.
Европската ракометна федерација веќе ги потврди термините за двата натпревари од второто коло меѓу македонскиот и исландскиот тим.
Првиот меч на кој формално ѓорчепетровки ќе бидат домаќинки ќе се игра на 7 октомври од 21:30 часот, а вториот дуел е ден подоцна во истиот термин.
Покрај шампионот Ѓорче Петров, македонски претставници во Европскиот Куп се уште и Куманово, Чаир и Металург.