Екипата на Адемар Леон од Шпанија денеска преку клупската страна го објави најновото засилување во својот тим.
Нов ракометар во сезоната, која што започна пред извесен период, е десното крило Алваро Дуарте.
Младиот ракометар, кој има само 20 години, во составот на Адемар Леон пристигна од Малага, клуб, кој што игра во понизог ранг на натпреварување во Шпанија.
Дуарте е петтото засилување во екипата на Адемар Леон. Пред почетокот на новата сезона Адемар Леон го ангажираше репрезентативецот на Португалија, Тиаго Соуса, потоа ракометарот од Иран, Саид Бархордари и домашните играчи Хуан Кастро и Давид Фернандез.