Еурофарм Пелистер загуби од унгарскиот Веспрем во полуфиналето на СЕХА лигата со убедливи 41-27.
Стратегот Ларс Валтер смета дека неговиот тим беше поразен од најдобриот европски тим.
„Кога играш со тим како Веспрем, мора да пробаш нешто невообичаено затоа што тие се далеку подобар тим од нас. Ризикувавме и примивме многу голови на празна мрежа и преку контранапади. По две минути почнавме да ја губиме самодовербата. Тешко беше да се вратиме во натпреварот. Мислев дека давањето голови ќе ни биде проблем денес, но се изненадив што проблем ни беше одбраната. Загубивме против најдобриот тим, но сигурно не требаше да примиме толку голови“, изјави Валтер.
Еурофарм Пелистер ќе се бори за третото место со Нексе в недела од 16:30 часот.