Во Германија стартуваше новата сезона со одигрувањето на натпреварот во Суперкупот меѓу Кил и Магдебург.
„Зебрите“ го грабнаа трофејот во ова наптреварување откако славеа над големиот ривал со 36-33, иако на полувремето беше 16-16.
За екипата на Филип Јиха ова беше 12 трофеј во германскиот Суперкуп, а трети што е освоен по ред.
Австриецот Билик ги преводеше „зебрите“ со седум гола, а Винчек додаде уште шест, додека кај Магдебург, Магнусон постигна шест, а Саугструп пет гола.