Се одигра половина од денешната двојна програма на седмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Тимот на Струга губеше во финишот на натпреварот од ПАОК Солун со три гола разлика, 24-27, но направи херојски камбек и израмни на 27-27.
Во последната минута, тимот од јужниот сосед поведе со 28-27, но во последните секунди Цветаноски донесе бод за Струга.
Српскиот тим Дубочица Лесковац е прв финалист на турнирот, откако по триумфот над Мулти Есенс, забележа победа над Скопје со 39-29.
Вториот финалист ќе биде познат по дуелот меѓу Прилеп и Струга, а ќе се игра и дуелот меѓу Скопје и Мулти Есенс.
Турнир „Миле Нешкоски“, распоред на натпревари:
Прилеп – ПАОК 28-26
Дубочица- Мулти Есенс 36-22
27.08 (сабота)
ПАОК – Струга 28-28
Дубочица – Скопје 39-29
18:00 часот, Прилеп – Струга
20:00 часот, Скопје – Мулти Есенс
28.08 (недела)
09:00 часот, натпревар за петто место
11:00 часот, натпревар за трето место