Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер за првпат во историјата на завршните турнири, обезбеди место меѓу најдобрите четири во СЕХА.
Ривал на битолчани ќе биде унгарскиот гигант Веспрем, со кој ќе се сретнат од 20:30 часот во спортскиот центар „Вишњик“, а билетите се веќе во продажба.
Тие може да се набават ТУКА, а до 31 август ќе чинат 70 хрватски куни, односно околу 600 денари, додека по овој термин, билетите ќе чинат 90 куни, или околу 750 денари.
Се работи за дневни билети, со кои ќе можат да се следат два меча воо текот на денот, а нема сомнеж дека македонскиот тим ќе има голема поддршка од трибините.