Позната е саатницата за полуфиналните натпревари од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига во Задар.
Во спортскиот центар „Вишњик“, Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе бидат дел од второто полуфинале што е на програмата од 20:30 часот.
Од 18:00 часот, ќе се игра хрватскиот двобој во Задар, каде ќе се соочат Загреб и Нексе, кој го елиминира Вардар.
Завршниот турнир на СЕХА се игра од 2 до 4 септември. На 2 ќе се играат полуфиналните средби, а финалето и мечот за трето место се на 4 септември.