Екипата на Охрид се наоѓа во завршна фаза од подготвителниот период и до стартот на новата натпреварувачка сезона, тимот ќе одигра уште неколку контролни натпревари.
Еден од поискусните ракометари во Охрид, турскиот репрезентативец Халил Озтурк очекува дека тимот може да ги оствари зацртаните цели за новата сезона.
,,Мислам дека новата сезона ќе биде навистина тешка, но подготвени сме за предизвикот. Имаме добар тим со многу одлични играчи и се надевам дека ќе обезбедиме пласман на европска сцена. Ги повикувам сите навивачи на Охрид да ни ја дадат поддршката”, изјави Озтурк.
Охриѓани ги очекува настап на првото издание на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски – Усташ”, кој е во нивна организација. Избраниците на Горан Андоновски во претходниот период тестираа со Голден Арт и Еурофарм Пелистер 2.
Охрид во Суперлигата ќе игра во група А заедно со екипите на Струга, Вардар Неготино, Бутел Скопје, Прилеп, Куманово, Вардар и Алкалоид.