Екипата на Еурофарм Пелистер со победа го започна јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако триумфираше против домаќинот Струга, со резултат 27-23 (13-12). Поискусните битолчани знаеја да ги искористат укажаните шанси и на полувреме да имаат минимално водство од 13-12, а во последните десет минути од натпреварот го скршија отпорот на домашниот тим. Новиот член на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски имаше позитивни комплименти за играта на Струга. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на кружниот напаѓач.