Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 9 до 12 место на Мундијалот.
Ривал е селекцијата на Германија, а селекторот Љубомир Савевски го одреди составот во кој шанса би требало да добие Тијана Переска. Таа е на местото на Јана Равојска.
Доколку славиме на овој дуел ќе играме со Норвешка за 9 место, а доколку загубиме ќе играме со Хрватска за 11 место.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија започнува од 16:00 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“.