ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Со истите 16 од претходниот меч и против Исланд, ривалот со 15 ракометарки

Женската кадетска репрезентација на Македонија вечерва го игра решавачкиот меч против Исланд за пласман во четвртфиналето на Мундијалот.

Селекторот Љубомир Савевски ги одреди 16 ракометарки што ќе истрчаат на теренот против селекцијата што веќе е во ТОП 8.

Ростерот е истиот што настапи и против Шведска, додека ривалот ќе биде со една ракометарка помалку во ростерот.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.