Во првата половина од натпреварите на Светското првенство за кадетки во Македонија, се случи една сензација, која ја приреди африканскиот шампион Египет.
Египќанките славеа против селекцијата на Хрватска со 33-31, откако и на полувремето имаа предност од 15-11.
Чешка во текот на целиот натпревар се мачеше со Уругвај, но на крајот избегна срам и забележа минимална победа, 23-22.
Интересен двобој имаа Франција и Шпанија, кој го добија Французинките со 21-18, а Исланд приреди мало изненадување со триумфот над Шведска со 22-17.