Во сабота на 30 јули стартува Светското првенство за кадетки што ќе се игра во Скопје до 10 август.
Ова ќе биде првпат во кадетска женска конкуренција да играат 32 селекции на Мундијалот, а ќе има дури осум дебитанти.
Меѓу нив и селекцијата на Гвинеја, која обезбеди место преку Африканското првенство за кадетки.
Гвинејките веќе тргнаа на пат кон Македонија, а од сабота ги чекаат натпревари во групата Е со Холандија, Романија и Словенија.
Интересен факт е што ова за Гвинеја беше второ појавување на Африканското кадетско првенство, во кое обезбеди мундијалски билет.