Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, португалската Бенфика, го донесе второто засилување за претстојната сезона.
Според информациите на 24Ракомет, станува збор за левото крило Арно Бинго, кој доаѓа од франнцускиот второлигаш Трембле, каде што играше минатите две сезони.
34-годишното лево крило потекнува од составот на Вокс Ан Велин, играше за Вилфранш, па Вилербан, пред да замине во Трембле, чиј дресот го носеше 2007 до 2016 година.
Играше за Монпелје три сезони, освои и една титула во Лигата на шампионите во 2018 година. Потоа го имаше првото интернационално искуство во португалскиот Спортинг Лисабон, каде одигра две сезони и направи камбек во Трембле.
Сепак по една година таму повторно заминува во Португалија и ќе игра за Бенфика, која има големи амбиции во следната сезона.
Претходно Бенфика го потврди ангажманот на левиот бек Леандро Семедо од Адемар Леон, а договорите беа продолжени со Пауло Морен, Густаво Капдевил и Лусијано Силва.