Ракометарите на Вардар веќе трет ден тренираат пред стартот на новата сезона во која ќе имаат домашни и меѓународни предизвици.
Особено внимание се посветува на физичката подготвеност, па за таа цел вардарци тренираа и на арената „Тоше Проески“.
„Црвено-црните“ цело време ќе тренираат во Скопје пред да заминат во Струга, каде ќе играат на Струшкиот турнир.
Потоа ги чека четвртфиналето од регионалната СЕХА лига против Нексе Нашице и мечот од Суперкупот против Еурофарм Пелистер пред стартот на новата сезона.