Селекторот на женската кадетска репрезентација, Љубомир Савевски, го објави конечниот список на ракометарки на кои ќе смета на СП за кадетки.
Савевски одбра 18 ракометарки што ќе бидат во конкуренција за настап, а во споредба со претходниот список и подготовките од комбинација отпаднаа двете ракометарки на Стружанка, Тијана Переска и Бојана Затуроска.
Македонија е домаќин на Мундијалот што стартува на 30 јули, а ќе трае до 10 август. Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, а влезот за сите дуели ќе биде слободен.
Македонија ќе игра во групата Б, противници ќе ни бидат Иран, Сенегал и Узбекистан. Сите мечеви на нашата селекција ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, а стартот ќе биде од 20:30 часот.
Прв предизвик за кадетките на 30 јули ќе биде Узбекистан, на 31 јули играме со Сенегал, додека на 2 август наш ривал е Иран.