Селекцијата на Алжир, која ќе биде учесник на Светското кадетско првенство од 30 јули веќе пристигна во Македонија.
Тие синоќа со летот од Истанбул за Скопје пристигнаа во нашата земја и ќе имаат една недела за адаптациија.
Алжирките летаа два и пол часа од Алжир од Истанбул, па таму имаа повеќе од 16 часа чекање пред конекцискиот лет за Скопје.
По 20 часа патување пристигнаа во македонската метропола каде планираат да одиграат две пријателски средби пред стартот на СП против Хрватска.