Поранешниот репрезентативец на Белорусија, Сергеј Шилович во новата сезона ќе го предводи белорускиот тим СКА БГУФК.
Познатиот ракометар од Белорусија ја доби довербата од челниците на СКА БГУФК, кој всушност е вториот тим на СКА Минск и служи како подмладок на „поголемиот“ брат.
Шилович во својата кариера настапуваше за екипите на СКА Минск, Аркатрон, Динамо Минск, Мешков Брест и Погон Шчечин. По завршувањето на сезона 2019/20 реши да стави крај на играчката кариера.
За репрезентацијата на Белорусија одигра 160 меѓународни натпревари и постигна 509 погодоци, со што е меѓу најдобрите стрелци во историјата на белоруската репрезентација. Со екипите на Мешков Брест и Динамо Минск настапуваше во Лигата на шампионите.