Европскиот шампион Шведска, која има големи амбиции на следното Светско првенство на кое се домаќини заедно со Полска, го засили стручниот штаб.
На селекторот Глен Солберг ќе му асистира Микаел Апелгрен, кој е тренер на шведскиот тим Савехоф.
Апелгрен потпиша договор на две сезони со шведската федерација, но ќе продолжи и со клупската работа.
Тој претходно шест сезони работеше во норвешкиот шампион Елверум и освои шест титули во првенството.
Шведска ќе игра во групата Ц во Гетеборг на Светското првенство во 2023 година заедно со селекциите на Бразил, Уругвај и Зеленортските Острови.