Со завршувањето на Африканското првенство, беа комплетирани групите за претстојното Светско првенство во Полска и Шведска.
Селекцијата на Египет, заедно со третопласираниот Мароко, оди во групата на Хрватска и САД што ќе се игра во Кристијанштад.
Второпласираните Зеленортски Острови ќе бидат дел од групата Ц заедно со домаќинот Шведска, Бразил и Уругвај.
Четвртопласираниот Тунис се најде во групата Х во Малме со Данска, Белгија и Бахреин, додека Алжир ќе игра во Е во Катовице со Србија, Катар и Германија.
Титулата од пред две години ќе ја брани репрезентацијата на Данска. Првенството се игра во периодот од 11 до 29 јануари следната година.