Денеска во центарот на вниманието ќе биде египетскиот главен град Каиро, каде што ќе се играат дуелите за петто и трето место, како и финалето на Африканското првенство меѓу Египет и Зеленортските Острови.
Покрај натпреварите во Египет, ќе се играат уште четири дуели во Варна, во нашиот источен сосед на младинскиот ЕХФ шампионат, а македонските младинци денеска имаат слободен ден.
Во Варна ќе се сретнат Швајцарија и Романија, па македонскиот стручен штаб ќе има убава прилика да ги види на дело следните два ривали на нашата репрезентација.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ЛИТВАНИЈА – ГРЦИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)
14:00 ЛУКСЕМБУРГ – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)
15:30 ГВИНЕЈА – АЛЖИР (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
16:00 ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)
18:00 УКРАИНА – КОСОВО (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)
18:30 ТУНИС – МАРОКО (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
21:00 ЕГИПЕТ – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)