Екипата на Македонија Ѓорче Петров, која во новата сезона повторно ќе игра во Првата лига и ќе настапи со поголеми амбиции, успешно ја продолжи соработката со четворица ракометари.
Верноста со екипата од Ѓорче Петров ја продолжија ракометарите Боби Неделковски, Дарко Јаневски, Мартин Велковски и Јованче Јаневски, кој беше најпријатно пролетно изненадување во изминатата сезона во таборот на „лавовите“.
Претходно клубот се засили со Мартин Димовски од Куманово и повратникот на ракометените терени, Филип Ролевски. Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров ќе бидат предводени од новиот тренер, Оливер Димитриоски.
Амбициозниот тим на Македонија Ѓорче Петров во новата сезона во Првата лига ќе настапува во групата А заедно со Работнички, Мултиесенс, Кичево, Бисинов, Текстилец, Јехона, Шампион, Овче Поле и Младост Богданци.