Најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, денеска ќе бидат активни на Африканското првенство во Египет.
На ова натпреварување се вжештува борбата за место на Мундијалот, а денеска на програмата се четвртфиналните средби.
Нашите арбитри ќе ја делат правдата на еден од најинтересните натпревари – Тунис против Конго, за кој играат и браќата Њокас.
Натпреварот започнува од 15:00 часот, а во другите четвртфинални средби се среќаваат Гвинеја – Мароко, Ангола – Зеленортски Острови и Египет – Алжир.