- Поранешниот чувар на мрежтата на Пелистер и Прилеп, Милош Рајчиќ, во новата сезона ќе ги брани боите на израелскиот тим Холон. Ова нема да биде прво искуство за него во оваа држава, бидејќи и претхоодно имаше настапи таму.
- Десниот бек Николај Алјохин, кој летово требаше да се пресели во Мотор Запорожје, заминува од СКА Минск, но ќе остане во Белорусија и ќе настапува за шампионот Мешков Брест.
- Освојувачот на Лигата на Европа, португалската Бенфика, објави дека го продолжила договорот со голманот Густаво Капдевил. Португалскиот репрезентативец кој има 24 години ќе остане во Лисабон најмалку до 2026 година.
- Големата надеж на унгарскиот ракомет, Ноеми Хафра, по трансфер од ФТЦ во Ѓер, не се изнаигра. Во потрага по минутажа, таа ќе се пресели на позајмица во данскиот Оденсе на една сезона.
- По Кристина Лишчевиќ, уште една ракометарка од Валчеа се пресели во Дунареа Браила. Станува збор за шпанскиот десен бек Миреја Гонзалес, која ќе им стане колешка на Марија Штериова и Јована Саздовска.
- Голманот што секогаш и правеше големи проблеми на Македонија во дуелите со Чешка, Мартин Галија, се врати во татковината. По 19 години, Галија ќе го брани голот на матичниот клуб и шампион на Чешка, Карвина.