Македонскиот кружен напаѓач Милан Лазаревски, е ново засилување за шампионот Вардар пред стартот на новата сезона.
Тој беше најавен пред десетина дена како нов играч, а сега е официјализиран неговиот камбек во Македонија.
Лазаревски е дете на Металург, а првото интернационално искуство го имаше лани во словенечкиот Тримо Требње, каде прикажуваше одлични партии под водство на Урош Зорман.
Вардар пак се откажа од услугите на Павел Андреев за следната сезона и тој ќе игра на позајмица во Мешков Брест, а Лазаревски ќе формира трио на линијата од шест метри со капитенот Стоилов и Стефан Атанасовски.
„Црвено-црниот“ тим наскоро треба да го дефинира статусот на Тимур Дибиров и Мартин Томовски, па да биде познат планот на подготовки. Засега е познато дека Вардар ќе биде дел од Струшкиот турнир.