ОФИЦИЈАЛНО: Андреев една сезона на позајмица во Мешков Брест

Белорускиот шампион Мешков Брест денеска официјално го потврди трансферот на рускиот репрезентативец, Павел Андреев, во своите редови. Искусниот кружен напаѓач во Мешков Брест ќе настапува на позајмица од Вардар. За потсетување, Андреев со македонскиот шампион има договор на две сезони, но првата ќе ја одработи во белорускиот клуб.

Андреев кој има 29 години од 2006 година настапуваше за екипата на Чеховски Медведи, а од 2014 играше во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.

Русинот шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.

Мешков Брест го официјализираше договорот и со левиот бек од Србија, Дарко Стевановиќ. Србинот, кој за својата репрезентација има забележано пет настапи, во шампионот на Белорусија ќе пристигне од Ал Вахда. Претходно го носеше дресот и на Ал Араби, унгарските клубови – Егер и Балатонфуреди, како и на матичниот клуб, Партизан.

Тренер на Мешков Брест за следната сезона останува Дмитриј Тихон. До почетокот на новата сезона, клубот треба да се засили со уште неколку ракометари.

 

Вардар и Андреев нема да го раскинат договорот, Русинот оди на позајмица во Мешков Брест!