Каталонскиот гигант Барселона продолжува со комплетирањето на тимот за следната сезона, во која ќе ја брани освоената титула во Лигата на шампионите и двојната круна на домашна сцена.
Раководството на клубот одлучил во своите редови да го задржи младиот ракометар, Артур Парера.
Кружниот напаѓач, кој има само 19 години, минатата сезона беше во тимот на Барселона, но на најголемиот дел од натпреварите не беше во составот на Карлос Ортега.
Од наредната сезона ќе игра со големите звезди и минутажата на терен ќе ја дели со искусните Лудовик Фабрегас и Луис Фраде. Двете страни веќе се договориле на двегодишна соработка и Парера во старо-новиот европски шампион ќе настапува до лето, 2024 година.
Барселона за следната сезона го ангажираше и репрезентативецот од Данска, Емил Нилсен од Нант и членот од Фленсбург, левото крило, Хампус Ване, како и левиот бек од Лемго, Јонатан Карлсбогард.