Во новата сезона од Женската лига ќе играат 16 екипи, што е за една повеќе од минатата сезона во која настапуваа 15 екипи, кои што беа поделени во две групи.
Сите учесници од минатата сезона ќе учествуваат и во новата сезона, а нов член кај дамите е новиот женски клуб, Скопје, кој ќе биде предводен од екс ракометарката на Кометал ЃП, Валентина Радуловиќ.
Ждрепката за Женската лига ќе се одржи на 7 јули од 12:00 часот, кога ќе биде потврден и распоредот за новата сезона. Стартот за новата сезона би требало да биде на 10/11 септември, а во март, 2023 година, ќе биде финиширан регуларниот дел пред да почнат плеј-офот и плеј-аутот.
Распоредот по шешири на екипите е направен по минатогодишниот пласман. Новиот клуб, Скопје е додаден во последниот шешир. Бидејќи во Македонија постои само една лига кај дамите, ниту наредната сезона нема да има испаѓање во понизок ранг на натпреварување.
Шешири пред ждрепка за Женска лига:
шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово
шешир 2: Металург, Вардар
шешир 3: Чаир, Стружанка
шешир 4: Деспина, Пелистер
шешир 5: Овче Поле СУ, Шампион
шешир 6: Гевгелија, Астибо
шешир 7: Спартак, Феникс
шешир 8: Кузман Илинден, Скопје